Услуги
Услуги кои ги нудиме
Нотаријатот е самостојна, независна јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни овластувања врз основа на закон по барање на граѓаните, државните органи, правните лица и други заинтересирани институции. Нотарот нотарските работи ги врши слободно, независно, самостојно, стручно и непристрасно врз основа на Уставот, закон, ратификувани меѓународни договори и други прописи и општи акти засновани врз закон.
Нотарски акт е задолжителен за: - договори за уредување на имотните односи меѓу брачните другари и меѓу лицата кои живеат во вонбрачна заедница; - договори за подарок без предавање на предметот во владеење на даропримачот; - секој акт за основање, организирање, престанок, статусни и промени на правни лица кои вршат стопанска дејност, институции, фондации и други органи, освен трговските друштва; - сите правни работи кои лично ги преземаат глуви лица кои не знаат да читаат или неми лица кои не знаат да пишуваат и чија вредност надминува 5.000 евра во денарска противвредност - договори за располагање со имот на малолетни лица и лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност.
Ако не е во прашање правна работа за која според Законот на нотаријат или друг закон е задолжително постоење на нотарски акт, странките можат исправата за правната работа да ја потврдат кај нотарот.
Нотарот кој е и судски преведувач ќе ја завери точноста на преводот кој сам го извршил. Нотарот кој не е судски преведувач ќе го провери својството на судскиот преведувач кој го извршил преводот и ќе го завери преводот.
Потврдена приватна исправа со која должникот дава согласност побарувањето на доверителот назначено на задолжницата присилно да се наплати од сите расположливи сретстава на должникот кај носителотна платниот промет.
Нотарот мора да потврди дека странката во негово присуство своерачно ја потпишала исправата, или ставила свој ракознак, или го признала потписот, односно ракознакот на писменото како свој. При заверка на потписот нотарот е должен да ја запознае странката дека се потврдува само потписот, но не и содржината на исправата.
Тестаментот во форма на нотарски акт се составува според одредбите што важат за составување на судски тестамент.
Предлог за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа се поднесува за пристигнато парично побарување кое се докажува со веродостојна исправа приложена кон предлогот во оригинал или во заверен препис кај нотар.
Веродостојна исправа, во смисла на овој закон, е фактура, меница и чек со протест и со повратна сметка, кога е тоа потребно за засновање на побарување, јавна исправа, извод од заверени деловни книги, според закон заверена приватна исправа и исправи кои според посебни прописи имаат значење на јавна исправа. Какао фактура се смета и пресметката на камата.
Нотарот потврдува дека преписот на исправата е идентичен со изворната исправа.
При заверка на изводи од трговски и деловни книги нотарот ќе го спореди изводот со соодветните ставки во изворната книга и на изводот ќе напише клаузула на заверката со забелешка дека изводот целосно е идентичен со соодветната ставка во изворната книга.
Нотарот по барање на странката издава потврда за дадена опомена, отказ, понуда и за други изјави, кои една странка и ги дава на друга, за да се постигне со тоа некое правно дејствие.
Нотарот е овластен да прими изјава под заклетва од странка.
Нотарот може да издаде потврда за постоење на нотарска исправа или заверка во своите уписници по барање на странка или суд.
Времето кога исправата му е поднесена на нотарот или во негово присуство на друго лице, се потврдува на самата исправа со точно назначување на денот, месецот, годината, а ако странката бара и часот.
Нотарот може да потврди дека некој е жив, ако неговиот идентитет го утврдил на начин определен со Законот за нотаријат.
Нотарот може да издаде потврда за постоењето или седиштето на некое правно лице, за промената на фирмата, за статусните измени или други полноважни факти ако тие произлегуваат од јавен регистар.
Ако нотарот е повикан да потврди заклучоци на собрание или на седница на некој друг орган на правно лице, во записникот ќе ги внесе денот и времето на седницата, се што се предложило и било изјавено, а по потреба и други факти, доколку тоа е важно за оценување на правилноста на постапката, а посебно заклучоците донесени на седницата.
По барање на заинтересирани лица, нотарот може да утврди и други факти, што се случиле во негово присуство, како што се: расправи за понуди, продажби, изјави на лица за факти и состојби за кои нотарот сам или со учество на стручни лица ги сознал.